Вила „Канео“
ул. „Кочо Рацин“ бр. 27
6000 Охрид, Македонија

Вила „Дудан“ - апартмани
ул. „Јане Сандански“ бр. 12
6000 Охрид, Македонија

Вилата “Канео” се наоѓа во стариот дел на градот, во истоимената населба Канео, некогашна рибарска населба а денес една од најатрактивните туристички локации. Оваа населба се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, веднаш до познатата црква Св. Јован -Канео од 14. век а во непосредна близина се и сите културно- историски споменици: црквата Св Климент и Св. Пантелејмон (прв Словенски универзитет), ранохристијанските базилики со прекрасни мозаици, Самуиловата тврдина, Античкиот театар, Галеријата на икони, црквата Богородица Перивлета и што уште не. Многуте наброени локации се воедно и сцени за претставите на светски познатиот Фестивал “Охридско Лето” ( 12јули-20 август)

Од оваа населба до центарот на градот ако одите пеш се стигнува за 10 минути. Паркингот за автомобили е над населбата, а за да се дојде до неа треба да се симнувате/качувате околу 100 метри. Бидејки нема сообраќај во населбата таа е многу тивка. До населбата може да се дојде и со такси- чамец.

Вилата “Дудан” се наоѓа во центарот на градот, 50 метри од брегот на Охридското Езеро, 10 минути пеш до стариот дел на градот. Локацијата е погодна за брза комуникација до саканите дестинации. Во непосредна близина на објектот има можност за паркирање на возило.

Љупка и Илија Маслови
Тел. дома +389 46 265 583
Мобилен: + 389 70 353 999 (Љупка)
Мобил: +389 70 74 28 20 (Илија )
e - mail : maslova @ ohrid . com . mk

 

Повеќе за Охрид најдете на Ohrid

 

Цени:

Вила Канео
од 8-20 Евра по лице за ноќ

Вила Дудан
од 7-15 Евра по лице за ноќ

Капацитетите се отворени цела година