На нашите гости секогаш сме им на располагање за сите информации.

Можеме да ве поврземе со туристичките сервиси и да ви се обезбеди чамец, велосипеди, нуркачка опрема и сл. Сите ваши желби: планинарење, посета на пештерски цркви, поодалечени плажи, манастири, села од околината, или други знаменитости веднаш се остварливи. Во секое време ќе бидете информирани за претставите на Балканскиот Фестивал и Фестивалот Охридско Лето.

Ќе направиме се да имате незаборавен одмор.

 

Цени:

Вила Канео
од 8-20 Евра по лице за ноќ

Вила Дудан
од 7-15 Евра по лице за ноќ

Капацитетите се отворени цела година